Испечати

Празнична штрудла

Празнична штрудла

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 250 мл топло млеко
  • 1 кафено лажиче шеќер
  • 1 коцка квасец
  • 100 гр мармалад
  • 1 лажица кафеаф шеќер
  • 1 јајце

Подготовка

Во пресрет на празници ви претставувам, многу брз и вкусен рецепт за домашна штрудла, која и верувам дека досега ја имате можеби некој и правено.

1. Најпрво започнуваме со месење на тестото. Во сад го ставаме брашното, растопениот квасец, шеќерот и постепено го додаваме млекото, па месиме додека не добиеме убаво меко тесто. Тестото го оставаме околу еден час да стаса убаво.

2. После тоа на набрашнета површина правиме убава кора и ја премачкуваме со мармалад, краевите ги премачкуваме со разматено јајце за да се залепат подобро, и правиме убав ролат. Ролатот го правиме во форма на венец и повторно го оставаме да стаса околу 30на минути. Пред да го печеме го премачкуваме со јајце и од горе го наросуваме со кафеаф шеќер.

3. Печеме во загреана рерна околу 25 минути додека не зарумени убаво. Испечената штудла ја покриваме со кујнска крпа додека не олади и омекне.

Ова е совршена комбинација со добро кафенце.
Среќни празници