Испечати

Крцкави колачиња

Крцкави колачиња

Состојки

  • 200 гр мелени ореви
  • 150 гр маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 50 гр остро брашно
  • Прелив темен
  • 150 гр црно чоколадо
  • 3 лажици млеко
  • украсни перли

Подготовка

1. Со миксер се мати маргаринот, шеќерот, јајцата и млекото со постепено додавање на брашното. Смесата потоа се меси со раце за да стане нежна и мека. Се обликува штрудла долга и се витка во фолија и се остава во фрижидер.

2. Кога е оладен ролатот се сече околу 6 мм кругови се редат колачите во тава и се печат на 180С-15мин. Внимавајте да не ги изгорите. Потоа се топи чоколадото се прави глазура и се става на секое колаче чоколадо и се украсува со украсни трошки.