Испечати

Бадем торта со розен кори

Бадем торта со розен кори

Состојки

  • 1 пакување готови розен кори
  • 500 гр шеќер
  • 250 мл вода
  • 250 гр путер
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр мелени плазма бисквити
  • 220 гр мелени бадеми
  • 2 лажици рум
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо и мелени бадеми

Подготовка

1. Шеќерот и водата се ставаат во сад и оставаат да вријат неколку минути. Вадиме од оган го додаваме путерот и чоколадото и мешаме додека се растопат. Ги додаваме бисквитите, бадемите и убаво мешаме. На крај го додаваме румот.

2. Корите ги филуваме со топол или млак фил. На секоја кора нанесуваме по неколку лажици фил. Последната кора не ја филуваме. Притискаме со тежок предмет и оставаме преку ноќ. Тортата ја прелеваме со стопено чоколадо и наросуваме со мелени бадеми.

На здравје!