Испечати

Ароматично греано вино

Ароматично греано вино

Состојки

  • 750мл-1л. црвено вино
  • 1 портокал исечен на кругови
  • 2 стапчиња цимет
  • 4 звезди анасон
  • 6 каранфилчиња
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици мед

Подготовка

Сите состојки ставете ги во тенџере. Се згрева на средна температура до врело (во никој случај да зоврие) и притоа се меша за да се стопат шеќерот и медот. Тргнете на страна и поклопете со капак. Се остава така да отстои 2 часа за да се спојат аромите. Вратете повторно на оган да се загрее виното (не да врие) и потоа послужете во чаши.

На здравје!