Полнети компири-топло предјадење
Состојки
- 2 средни компири
- 2 лажици Полни, младо сирење или топено сирење
- 100 гр чадена сланина
- сол, бибер, оригано, мајчина душичка, магдонос
- срцевината од компирите
- малку горгонзола
Подготовка
1. Прво илупените компири ги ставаме во вода, во која додаваме малку сол и ги вариме, да се сварат до половина, да не бидат преварени. Ги оставаме потполно да се изладат. Ги сечиме на половина. Внимателно со лажиче ги длабиме.
2. Добиените средишни делови на компирите ги сецкаме.Им додаваме зачини, запржена чадена сланина, магдонос, младо сирење и убаво соединуваме. Со овој фил ги полниме половинките компир. Најгоре наронуваме горгонзола.
3. Попрскуваме со малку масло и ги печеме во загреана релна околу 30-40 минути.
Ги сервираме, декорираме малку...
Послужуваме топло предјадење.