Медитеранска салата со ракчиња и лук
Состојки
- 350 гр ракчиња
- 1/2 парче краставица
- 1 зелена салата ( марула,рокула)
- 250 гр брокула
- 5 лажици киноа, а можете и кус кус
- 2-3 чешниња лук
- по вкус маслиново масло и сол
Подготовка
Доаѓаат празници. Секој спрема по нешто во својата кујна. Трпезите се секогаш убаво подготвени.Секој по свој вкус и желба го одбира менито за убавата вечер. Еве ја и желбата на моите деца за еден дел од нивното мени. Салатата ја спремаат често,таа им е омилена.
Ајде да ја последиме.
1. На загреано масло го запржуваме претходно пасираното лукче.
Ракчињата одмрзнати и миени ги ставаме во тавата па ги превртуваме неколку пати да се запржат.
Нив не им треба многу подготовка. Неколку минутки пржење колку да ја добијат посакуваната боја. Готови ги тргаме на страна од огнот.
2. На страна на пареа ја вариме брокулата. Јас спремив кус кус за овој пат, па го потопив во врела посолена вода. Краставицата ја исеков на големи кругови и ја помешав со зелената салата.
Ја зачинив со сол и масло,па ја наредив на дното на чинијата. Ги искинав китчињата готова брокула и ја помешав со ракчињата и кус кусот.
Зачинив со сол
Нека ви е на здравје на тој што ќе ја вкуси салатата.
Среќни празници