Испечати

Лиснати Кифли

Лиснати Кифли

Состојки

  • 250 мл млеко
  • 250 мл јогурт
  • 100 мл масло за јадење
  • 1 коцка квасец
  • 2 белки
  • 1м.л. шеќер
  • 2м.л. сол
  • 1кг брашно
  • За мачкање на тестото
  • околу 100гр маргарин
  • За премачкување на кифлите
  • 2 жолчки (со малку млеко)
  • по потреба сусам, маргарин

Подготовка

Меки, ароматични, вкусни... Лиснати кифли, одлични за вашата секојдневна или празнична трпеза.

Подготовка:
1. Се замесува тесто од наведените состојки, го оставаме да стаса. Потоа го делиме на 3 дела. Од секој дел расукуваме округла кора, која ја премачкуваме со маргарин, ја засекуваме (види дополнителна слика) и ги диплиме делчињата едно врз друго формирајки топка (ја ставаме завиткана во стреч фолија во фрижидер за длабоко). Истата постапка ја повторуваме со останатите два дела.

2. Сега го зимаме првиот дел, го расукуваме и сечеме на 16 дела, кои ги завиткуваме како кифлички. Ги редиме во тава врз хартија за печење. Ја повторуваме постапката со останатите два дела.
Нека стасаат кифлите, па ги премачкуваме со 2-те жолчки, им ставаме сусам и по малку маргарин.
Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 30на минути.

На здравје!