Школки на едноставен начин
Состојки
- 1 кг црни школки
- 1 лимон
- 10 гранчиња магдонос
- 4 чешниња лук
- 250 мл бело вино
- 1 коцка путер со зачини
- 3 лажици мешавина од зачини (оригано, сол, црн бибер, копар, босилек)
- 100 мл маслиново масло
Подготовка
1. Во тава на оган ставете ја коцката путер со зачини и маслиновото масло, нека се растопат. Додајте го ситно сецканото или испасирано лукче. Пропржете да ја испушти миризбата. Додајте го магдоносот и останатите зачини. Промешајте се да се спои, па додајте ги школките кои претходно ќе ги исчистите. Помеѓу школките наредете го лимонот исечен на тенки кругови. Затворете со капак и оставете да се отворат школките. Промешувајте повремено. Нека се поварат така на пареа(јас ги оставив околу 20 минути).
2. Откако сите школки се отворија го додаваме белото вино. Повторно промешуваме и повторно покриваме со капакот и оставаме да се динстаат. После десетина минути школките се готови.
Можете да ги служите така, можете да ги помешате со шпагети или некои други тестенини.
Нека ви е слатко со овој мој денешен предлог.
Забелешка
Не пишав за чистењето на школките.
Кога ќе ја отворите опаковката со школки, прво ќе ги отстраните отворените школки.
Потоа со ноже ќе ги исчистите краевите и површините на школките па исплакнете ги во ладна вода. Јас ги измив неколку пати и ги ставив во цедалка.
Така спремни чекаа за подготовка.