Испечати

Моите празнични колачиња

Моите празнични колачиња

Состојки

  • 100 гр прав шеќер
  • 200 гр путер
  • 300 гр брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 жолчка
  • пола лимон (кората)
  • за лепење мармалад

Подготовка

Најубавиот период од годината е веќе тука, и секако дека не може да помине без подготовка на празнични и вкусни колачиња. Порај другите слатки задоволства што ги подготвив, ги изненадив моите најмили и со овие колачиња со мирис и вкус на лимон.

Подготовка:
1. Од сите наведени состојки замесуваме мазно тесто, кое го завиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер барем 1 час(а може и одвечер). Потоа на работната маса ставаме еден лист хартија за печење, врз хартијата го ставаме тестото за колачињата, а врз тестото ставаме уште еден лист хартија, врз која ќе го рассукаме тестото за колачињата.

2. Сечеме форми со помош на калапчиња, остатокот од тестото го вадиме и го ставаме пак во фрижидер. Колачињата ги префрламе заедно со долниот лист хартија во плехот за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени, додека да ја променат колачињата бојата (околу 10 минути). Со останатата смеса ја повторуваме постапката.

Готовите колачиња ги оставаме во тавата да изладат, па ги вадиме, ги лепиме со мармалад и им наросуваме прав шеќер.

Забелешка - колачињата се превкусни сами по себе, ако не сакате- не мора воопшто да ги лепите со мармалад - тоа е по желба...или можете да ги залепите и со крем.
Елките ги направив со помош на картон, на кој го исцртав посакуваниот изглед, и потоа со помош на скалпер сечев околу него врз тестото. Ги украсив со белката, која ја изматив со прав шеќер и додадов малку лимонов сок ( на 1 белка се става околу 200гр прав шеќер-просеан).