Испечати

Крем пита

Крем пита

Состојки

  • Состојки за кремот
  • 1,3 литри млеко
  • 6 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 2 пакувања ванилин шеќер
  • 3 пакувања пудинга од ванила бурбон
  • 6 лажици брашно
  • 2 пакувања шлаг крем
  • 125 грама путер
  • Состојки за кора
  • 500 гр готово лиснато тесто(замрзнато)
  • шеќер во прав за декорација

Подготовка

Кремаста,аромачинна пита.

1. Неколку часа пред подготовката потребно е да се извади од фрижидер замрзнатото лиснато тесто.
На набрашнета површина најпрвин го сечеме тестото на два еднакви дела. Сечеме хартија за печење со димензии на тавата. Го расукуваме тестото(едната половина)врз хартијата за печење. Го избоцкуваме со вилушка на неколку места и го печеме на 220 степени додека да порумени.Истото го правиме и со другата половина лиснато тесто ,само што пред печење го сечеме на коцки(јас го исеков на 12 квадрати).
2. За подготовка на кремот во еден сад матиме со миксер 6 јајца со 8 лажици шеќер и 2 ванили. Ги додаваме пудинзите, брашното и 300 милилитри млеко. Матиме со миксер за да нема грутки. На оган ставаме 1 литар млеко и пред да зоврие ја додаваме смесата со јајца и постојано мешаме додека не се згусне. Ова го правиме на тивок оган. Го тргаме кремот на страна и одвреме на време го промешуваме да не се направи кора. Посебно го матиме путерот во пенаста маса. Посебно ги матиме шлаг кремовите според упатството. Кога кремот е оладен(млак) го матиме со миксер на мала брзина и го додаваме путерот постепено,а потоа и изматените шлагови.

3. Готовиот крем го нанесуваме врз лиснатата неисечена кора, а врз кремот ги редиме коцките лисната испечена кора. Поросуваме со шеќер во прав и ја оставаме неколку часа во фрижидер. Потоа ја сечеме крем питата на коцки и служиме.