Испечати

Чоколаден орео-колач

Чоколаден орео-колач

Состојки

  • Состојки
  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелени ореви
  • 200 гр путер
  • 150 мл млеко
  • 175 гр кршени орео колачиња
  • Чоколаден прелив
  • 100 гр темна чоколада со 75 % какао
  • 3 лажици зејтин

Подготовка

Едноставен колач,без печење кој брзо се подготвува,а ќе ги задоволи сите љубители на слатко.

1. Најпрвин ги мелиме бисквитите и оревите. Јас тоа го направив во блендер- побрзо е и поедноставно. Орео колачите ги сечеме на покрупно. Во еден сад ги ставаме мелените ореви и бисквити и ги мешаме.

2. На пареа го топиме путерот заедно со млекото. Со ова ги полеваме бисквитите и оревите. Мешаме се заедно и кога малку ќе олади ги додаваме орео колачињата. Мешаме и на хартија за печење обликуваме колач (плочка според вашите желби колку сакате да ви бидат колачите високи). Оставаме во фрижидер.

3. После половина час ја топиме на оган темната чоколада со зејтинот. Со ова го полеваме колачот. Чекаме малку да олади и го ставаме во фрижидер. Кога ќе се стегне чоколадата може да сечеме од колачот и да сервираме.

Сварете си кафе и уживајте.