Меки медењаци со лицитарски квасец
Состојки
- 100 гр. мед
- 125 гр. шеќер
- 40 гр. путер, маргарин или свинска маст
- 50 мл. вода
- 2 жолчки
- 1/2 пакетче пециво
- 10 гр. лицитарски квасец (амонијак за колачи)
- 100 мл, топло млеко
- 400 гр. брашно
- 1.1/2 лажичка зачин за медењаци
- 1 лажичка цимет
- на врв на лажичкатан кардамон и гумбир
Подготовка
Подготовка
1. Медот, шеќерот, путерот и водата ставете ги на тивок оган да се стопат повремено промешувајки. Кога ќе се стопат и соединат, тргнете ја тавата настрана да се олади.
2. Во оладената смеса додадете ги жолчките и промешајте до соединување.
3. Во друг сад измешајте ги пецивото и лицитарскиот квасец, па додадете го топлото млеко и оставете да се запени(тоа е околу 1 минута). Потоа, додадете ја оваа смеса кај смесата со жолчките и измешајте добро. Ке ви замириса на амоњак меѓутоа не е ништо страшно.
4. Во друг сад измешајте ги брашното и зачините, додадете ги кај првата смеса, и се добро измешајте додека не добиете тесто во кое се споиле сите состојки односно еднолично тесто. Садот во кој го спремавте тестото покријте и оставете го во топлата просторија да одмори преку ноќ.
5. Наредното утро извадете го тестото на многу малку побрашнета површина(тоа ке биде лепливо и баш такво треба да биде). Со оклагијата расукајте го(можете исто сосема малку да посипете одозгора брашно за да не ви се лепи на оклагијата). Сукајте го во дебелина која ке ја одберете вие. Откако ќе ја добиете посакуваната дебелина, извадете со форми колачиња или едноставно правете кругови со чаша. Така подготвените колачиња поставете ги во тава обложена со хартија за печење и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-15 мин. Извадете ги и оставете да се оладат. Ако сакате оставете ги такви како што се, ако сакате шарајте ги, или едноставно залијте ги со чоколадна глазура (така се оригинални).
Совети:
- Модличката со која ги вадам колачите ја брцнувам во брашно - полесно се вадат од истата.
- Доколку сакате да биде сјајна површината на колачите - премачкајте ги со млеко пред печењето, навистина се како лакирани.