Испечати

Медитеранска чиабата со маслинки

Медитеранска чиабата со маслинки

Состојки

  • 700 гр. брашно
  • 25 гр. квасец
  • 500 мл. млака вода
  • 100 мл. млако млеко
  • 2 полни лажички сол
  • 1 лажица мед
  • според вкус маслинки(црни или зелени- какви имате по дома)

Подготовка

Припрема
1. Исчистете ги маслинките од семки и исецкајте ги на поголеми парчиња(без разлика дали на кругови или на ленти... а слободно може да ставате половинки од маслинката).

2. Се раствара квасецот во дел од млаката вода. Измешајте го брашното со солта, додадете ги веќе растворениот квасец, остатокот од водата, млекото и медот. Со лажица промешувајте за да стане хомогено тестото- да нема грутки од брашното. Тестото треба да биде ретко. Поклопете и оставете го да одстои 1 час на собна температура.

3. Стасаното тесто истурете го на многу добро побрашнета површинна. Со рака односно со прстите направете правоаголник, а потоа поделете го на три дела. Со побрашнета рака лесно раширете го првиот дел, ставете од маслинките, па затворете го подигајки ги страните. Почнете да го мотате само околу себе како ролат, и откако ќе ја добиете векната, додадете и втиснете одозгора од маслинките. Преместете ја чиабатата на тава обложена со хартија за печење и посипете ја исто така со брашно. Истата постапка повторете ја и со останатите два дела. Откако сте ги оформиле, вклучете ја рерната на 250 степени и ставете ги чиабатите да се печат, меѓутоа постојано надгледувајте.

Во рецептетот пишува дека се пече 10 мин, но кај мене рерната за тоа време не пече вака ретко тесто. Јас печев 35 мин.

Чијабатата е премека и превкусна. Можете да си наросите и малку мелен рузмарин. Па кој вкус е тоа...Ммммм, фантазија.

Рецептот е од Маргарита Радос, на која сакам да и се заблагодарам.

Добар апетит.