Амарето бомбици со марципан и фстаци
Состојки
- 100 гр готов марципан
- 60 гр мелени фстаци
- 1-2 лажица амарето ликер
- 100 гр црно чоколадо за декорација
- 2 лажици масло
- 20-30 гр мелени фстаци за декорација
Подготовка
1. Во мал сад го ставаме сецканиот марципан, додаваме мелени фстаци и амарето ликер. Со рака убаво ја измесуваме смесата(доколку користите домашен марципан , додадете 1-2 лажици шеќер во прав).
2. Од приготвената смеса формираме бомбици.
3. Над пареа ги растопуваме квалитетното црно чоколадо со маслото. Секоја бомбица ја потопуваме во чоколадото, па ја декорираме со мелени фстаци.
Оставме на воздух да се изладат и исушат, па ги сервираме.
Исклучително богат, единствен вкус имаат бомбициве, кои ќе ја збогатат празничната трпеза.