Празнични палачинки
Состојки
- 2 јајца
- 100 гр шеќер во прав
- 2 лажици мед
- 150 мл млеко
- 50 мл сок од портокал
- 50 мл масло
- 240 гр брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1/2 лажичка цимет
- 1 прстофат ѓумбир
- црвена и зелена прехрамбена боја
- Додатоци/ мед,шеќер во прав
Подготовка
Меки,вкусни и ароматични празнични палачинки.
Со жица ги матиме јајцата со шеќерот. Потоа една по една ги додаваме останатите состојки и матиме со жица. На крај зачинуваме.
Смесата ја делиме на два дела и во едниот додаваме црвена а во другиот зелена прехрамбена боја.
Палачинките ги пржиме на среден оган по неколку минути од двете страни.
Јас ги правев во различна големина за да добијам елка од палачинки.
Ги мачкаме со мед или со крем.Наросуваме шеќер во прав.
На здрваје!