Пица
Состојки
- 800 гр брашно
- 1 пресен квацец
- 1 шолја масло
- 1 лажичка шеќер
- 500 гр кашкавал
- по вкус печурки (шампињони)
- по вкус сувомеснато(кулен, печеница, врат, шунка, сланина...)
- малку путер или маргарин
- 4 јајца
Подготовка
Прво да напоменам дека овие состојки се за две пици во тавата од рерната.
1. Прво го зафаќаме квасецот со топла вода шеќер и брашно да стаса. Потоа го ставаме во брашното, додаваме еден филџан масло, посолуваме и замесуваме со топла вода, да добиеме мазно меко тесто. Го оставаме во садот убаво да нарасне, да се удвои.
2. Тавата од рерната ја премачкуваме со путер или маргарин. Внимателно со нож отсекуваме половина од тестото и без многу да го префаќаме низ раце го постиламе во тавата развлекувајќи го со прстите по целата површина.
Премачкуваме со кечап. Колку ќе ставите зависи од вкусот, но ако повеќе ставиме кечап, тестото ќе биде подолго времо сочно. Врз кечапот рендаме половина од кашкавалот па го редиме сувомеснатото. Јас ставив шунка и чајна, но најубаво е со нешто чадено (врат или сланина). Посолуваме, ставаме шампињони и кршиме две јајца. Преку сето наросуваме оригано. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Додека се пече првиата пица, на истиот начин го подготвуваме и остатокот од тестото и состојките и подготвуваме уште една тава со пица.
За моите момци ова е доза со која се најадени, хе хе