Испечати

Памук Кифли - меки како душа

Памук Кифли - меки како душа

Состојки

  • 1 чаша (200мл) Млеко (млако)
  • 1 чаша (200мл) Зејтин
  • 1 чаша (200мл) Вода (млака)
  • 1 коцка Квасец
  • 1м.л. Шеќер
  • 2м.л. Сол
  • 2 Белки
  • по потреба (околу 1кг) Брашно (колку прима)
  • За премачкување
  • 2 жолчки
  • по потреба - Сусам, маргарин

Подготовка

Пецивата во нашата кујна се редовни гости, не знам дали ние возрасните ги сакаме повеќе или децата...едноставно уживаме во нив. Ги правам многу често - и со повод и без повод, а обавезно ги правам за престојните празници.

Подготовка -
-Најпрво го активираме квасецот (во садот каде што ќе месиме), го додаваме шеќерот, 2 лажици брашно и малку млака вода (од тие 200мл). Потоа ги додаваме прво течните состојки...брашното на крај, постепено. Замесуваме средно меко (мазно) тесто, го покриваме со стреч фолија и го оставаме да стаса.
-Од стасаното тесто формираме кифли, ги редиме во плех од шпоретот врз хартија за печење, ги покриваме и ги оставаме да стасаат, па ги премачкуваме со жолчките (може да им додадете малку млеко), им ставаме и сусам и парчиња маргарин.
-Печеме во загреана рерна на 220 степени.

Знам дека кифлите се неизоставен дел од скоро секоја празнична трпеза, се надевам дека овие Памук-кифли ќе се најдат на дел од нив.

Уживајте!