Брза тава со ќофтиња и стек
Состојки
- 700-800 гр пилешки стек(саламурен)
- 700 - 800 гр амур за скара
- 2 главици кромид
- 200 гр чадена сланина
- 500 гр шампињони цели
- 200 гр кашкавал
- 50 гр путер
- 2 лажици брашно
- 500 мл млеко
- сол, бибер по вкус
Подготовка
1. Пилешкиот стек го сечеме на пола по дебелина, и го запржуваме колку да се вцрви убаво. Во амурот ја рендаме едната главица кромид, правиме ќофтиња и ги пржиме во истата мрснотија од стекот. Пржениот стек го сечкаме на помали парчиња и заедно со пржените ќофтенца го ставаме во земјена тава.
2. Втората главица кромид ја сечкаме и ја пржиме во мрснотијата. Додаваме сечкана чадена сланина, кога ќе се запржат заедно ги додаваме и шампињоните и пржиме убаво да се зацрват. Сета смеса ја истураме во тавата врз месото.
3. Путерот го пржиме во тенџере, додаваме брашно, и пополека дотураме млеко. Зачинуваме со сол и бибер по вкус и уште врел го додаваме во тавата. Покриваме со фолија и ја ставаме во загреана рерна на 250 степени околу еден час.
По еден час ја откриваме тавата, редиме парчињата кашкавал и ја враќаме уште десетина минути да се растопи и потпече кашкавалот.