Празнична салата со туна
Состојки
- 2 Цвекло
- 2 Моркови
- 3 Јајца
- 6 Компири
- 1 конзерва Туна
- 1 Кромид
- 200 мл Мајонез
Подготовка
Оваа салата е од Украина, каде ја прават за престојните празници и е многу омилена на повеќе луѓе. Во составот на салатата во нашите краеви додават маринирана харинга, јас во ова салата ставив туна, зошто во вашите краеви не таква маринирана риба(односно жива риба).
Цвеклото, компирот, морковот и јајцата сварете ги.
Земете една чинија поголема, истурете туна и додајте ситно сечен кромид. Подсолете ако туната не е солена.
Врз туната изрендајте компир, морков, јајце и цвекло, подсолете премачкајте со мајонез. Направете уште еден ред. Изрендајте компир, морков, јајце и цвекло, исто подсолете премачкајте со мајонез. Убаво разрамнете.
Салатата ставете ја во фриждер да одстои малку.
Оваа салата можете да ја направите во посна варијанта, без јајце и со посен мајонез.
Украсете по желба!
Добар апетит!