Кремаст колач со дупки
Состојки
- За пандишпанот
- 4 Јајца
- 1 чаша Шеќер
- 1 Ванила
- 1 чаша Зејтин
- 1 чаша Млеко
- 2 чаши Брашно
- 1 Пециво
- 3 г.л. Какао
- За крем
- 600мл Млеко
- 150гр Брашно
- 200гр Шеќер
- 1 Ванила
- 125гр (пола) Маргарин (омекнат)
- Плус шарени мрвици и чоколадни топчиња
Подготовка
Сочен и кремаст колач, освојува со неговиот вкус и изглед. Пробајте го.....
Најпрво започнуваме со подготовката на кремот -
- Се мешаат млекото и брашното, па ги процедуваме преку цедалка за да не ни се направат грутчиња. Ги додаваме шеќерот и ванилата и го вариме кремот до згуснување, на тивок огин и со постојано мешање. Кога ќе биде готов, го покриваме со стреч фолија и оставаме да се олади. Потоа го соединуваме со измиксиран маргарин.
Го приготвуваме пандишпанот -
- Ги миксираме јајцата, шеќерот и ванилата до побелување. Ги додаваме млекото и зејтинот, а на крај брашното, пецивото и какаото (просеани). Печеме во загреана рерна на 170 степени околу 30 минути (проверете со чепкалка). Со помош на мала чашка вадиме дупки, ама не до доле. Дупките ги полниме со неколку лажици од кремот измешани со шарени трошки. Премачкуваме насекаде со дел од кремот, врз него ги рониме останатите делчиња од пандишпанот. Декорираме со останатиот крем со помош на шприц и одозгора ставаме по едно чоколадно топче.
Забелешка - чашата која ја користев е од 250мл.
Уживајте!