Лиснати елки и бастунчиња со пршута и пармезан
Состојки
- 500 гр лиснато тесто
- 100 гр пршута
- 50 гр пармезан
- 1 белка
- салама и кашкавал за ѕвездички по потреба
- 12 или повеќе стапчиња за раженчиња
Подготовка
Еве уште една идеја како да ја збогатиме Божиќната и Новогодишна трпеза, а тоа да не одзема премногу време и сила. Штосниве изработки на елкички и бастумчиња верувам дека ќе израдуваат многу дечиња, ама и возрасни...
Подготовка
1. Го расукуваме лиснатото тесто на набрашнета површина и посипано со брашно.
2. Рендаме пармезан врз едната половина, па го преклопуваме.
3. Редиме тенки листови пршута врз целата површина на тестото.
4. Со помош на алатка за сечење го сечкаме тестото на парчиња кои се широки околу 1,5 см.
5. Од дел од исечените тенки ленти кои ги вртиме како бонбони создаваме бастунчиња, а од другите ги виткаме во форма на елка(спирално) и ги боцкаме во средишниот дел на стапче.
6. Ги редиме во намрсен плех или на хартија за печење.
7. Ги премачкуваме со разматена белка за да ни останат бели.
8. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени.
9. Ги сервираме со тоа што на врвот од елката, на стапчето ставаме ѕвездичка од кашкавал или салама, морков и слично.
Забелешка
Ако лиснатото тесто не си го подготвуваме сами и е замрзнато потребно е пред да се работи да се одмрзне.
Може да ги наредите во чинија или да ги ставите во чаша.