Испечати

Орев ролат

Орев ролат

Состојки

  • Фил
  • 200мл млеко
  • 100 гр шеќер и 1 ванила
  • 300гр ореви
  • За тестото
  • 1 жолчка
  • 1лажица павлака
  • 3лажици шеќер
  • 4 лажици масло
  • 400-500гр брашно
  • 300мл млеко
  • прстофат сол
  • 1паковка сув квасец ( можете и свеж )

Подготовка

Оревите ги мелев на појадро.
Го додадов шеќерот и ванилата,па ги попрскав со сок од лимон.
Да не ја сменат оревите бојата.
Млекото го зоврев, па ги попарив оревите.
Полека ставајте го млекото.Ако ви изгледа смесата добра и со помалку млеко оставете ја така. Нека не биде течна, туку густа.
Значи не мора да го искорисите цело млеко од 200 гр.
Густината ќе ви покаже колку треба.

Веднаш да напишам дека ова е преубав мек рецепт и сите што обожаваат ореви, мора да го пробаат.
Рецептот го добив од моите пријатели, посакаа да им го приготвам за нивниот празник.
Го направив и се изненадив од неговата мекост.
Се добиваат два големи ролата,од кои можете да исечете многу парчиња.
Убаво е да се јаде и отстојано,но пресно подготвен е преубав.

Тестото се замесува меко, отстојува, а потоа се меси уште еднаш.
Можеби и тоа е тајната на неговата убавина.
Ајде да го почнеме рецептот.

Во сад разматете ја жолчката со маслото, павлаката, шеќерот, ванилата и млекото.
Додадете го квасецот и само 300 гр брашно.
Млекото нека биде топло.
Добиената смеса, разбркајте ја со дрвена лажица, па покријте ја со капак и оставете ја некаа постои.
Штом се дуплира тестото,откријте го и додајте му уште брашно.
Самото брашно ќе ви покаже дали уште 100 грама или најмногу уште 200 грама брашно.
Треба да е меко, но да не лепи на рацете.
Замесете го и покријте го. Нека постои повторно да нарасне.
После дваесетина минути, тестото префрлете го на набрашнета површина и разделете го на два дела.
Расукајте една кора од едното топче и филувајте го со филот кој претходно го приготвивте
Внимателно замотајте ролати префрлете ги на тава каде ќе печете.Тавата подмачкајте ја со путер или маргарин.
Повторете ја постапката и со другото топче.
Кога ролатчињата се стасани, ставете да се печат во загреана рерна.
Јас ги покривам со алуфолија да не ми изгорат на површината.
Печам на потивко да се испече убавко и филот и тестото.

Печените ролатчиња ги оставам да одморат после печењето,а потоа ги сечам на еднакви парчиња со дебелина од еден прст.
Ги служам топли,а може и еден ден отстојани.
Еве ви вкусен предлог за убавите празници кои доаѓаат.
Нека ви е на здравје.