Сушени портокали
Состојки
- 1-2 портокали или по потреба
- шеќер во прав
Подготовка
Ова се одличен рецепт за зашеќерени портокали кои може да ви послужат за декоративен украс на празнична трпеза, ама може да се искористат и за декоративна грицкалка во некој сладок рецепт. Истава постапка може да се искористи и за други цитрусни овошја како лимони, цитрони, лимета и сл.
Подготовка
1. Портокалите ги сечеме на тенки кришки до 5 мм.
2. Секоја кришка ставете ја помеѓу две хартиени салфетки за да ја впијат вишокот течност од портокалите.
3. Наредете ги во тава на хартија за печење и посипете ги со шеќер во прав.
4. Ставете ги да се сушат во рерна на 80 степени околу 1 час или додека сосема да испари сокот.
5. Некаде на половина сушење превртете ги кришките и пак наросете ги со шеќер во прав.
Забелешка
Ако успеете да ги пресечете помалку од 5 мм направете го тоа, бидејќи побрзо ќе се исушат.
Јас малку ги потсушив па потоа им ставив шеќер во прав, па после некое време ги превртев и им наросив и од другата страна.
Внимавајте додека се сушат бидејќи тие што се помали и потенки кришки побрзо се суви од останатите. Затоа е добро сите во иста големина да ви бидат или пак почесто ѕиркајте ги во рерната.