Испечати

Крем Супа со Брокула (подготвена во Мултифреш вакум блендер)

Крем Супа со Брокула (подготвена во Мултифреш вакум блендер)

Состојки

  • 2 Компири-варени (средна големина)
  • 1 парче Брокула
  • 2 Моркови (помали)
  • 2 Млади кромидчиња
  • по вкус сол, мешан сув зеленчук
  • по потреба маслиново масло
  • 2 чаши Вода

Подготовка

Брзо, лесно и многуууу вкусно. Супер начин на подготовка на крем супа со состојки по ваш избор. Дефинитивно најдобриот апарат кој истовремено може да ги искористите за повеќе намени-прекрасен е. МултиФреш готви на температури до 70°Ц. Ова значи дека состојките не се варат и така се зачувуваат витамините.
Опцијата за готвење е одлична за подготвување на храна за бебиња. Садот е доволно голем за подготовка на здрави супи и сосови за целото семејство.

Подготовка -
Најпрво ги ставаме компирите излупени и исецкани на мали коцкички да се сварат. Потоа морковите ги лупиме и сецкаме на кругчиња, ја додаваме и брокулата и младиот кромид и убаво ги миеме сите зеленчуци. Сите спремни состојки ги ставаме во садот за подготовка на супи, додаваме вода, маслиново масло....посолуваме и додаваме мешан сув зачин.....и тоа е се, сега чекаме да си ја сработи работата овој супер блендер и за 20 минути супата е спремна за нејзино дегустирање.

Забелешка - секако дека доколку немате ваков апарат, можете оваа вкусна крем супа да ја спремите и со класичен блендер, во тој случај сварете ги сите состојки, па изблендирајте.