Чоколадна сочна торта
Состојки
- Кора
- 10 јајца
- 10 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- 4 лажици какао
- 200 мл масло
- Фил
- 750 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 3 пудинга од чоколадо
- 100 гр чоколадо
- 167 гр маргарин
- 500 гр крем
- Декорација
- 900 гр бел фондан
Подготовка
1. Се матат 5 белтоци во цврст шам. Се додава 5 лажици шеќер и се миксира додека да се растопи. Потоа постепено се додаваат жолчките и 100 мл масло во тенок млаз. Рачно се меша 3 лажици брашно и 2 лажици какао.
2. Добиената смеса се става на хартија за печење во подмачкан калап за торта со пречник 26 и се печи во рерна на 180С -20мин.
3. Се прави уште една кора со преостанатите 5 јајца на истиот начин.
4. Оладените бисквити се сечат на половина, така да се добијат 4 бисквити.
Фил-
1. Се меша прашакот за пудинг со малку млеко и се вари со преостанатото млеко заедно со шеќерот додека се згусни. Додека е жешко се става чоколадото да се растопи.
2. Пенасто се мати маргаринот и се соединува со оладената смеса, а после се додава кремот и уште еднаш убаво се миксира.
Корите не треба да се попрскуваат зошто доволно се сочни само треба да се премачкаат со филот.
Кора 1/3фил, кора 1/3фил, кора 1/3фил, фондан. Може наместо фондан да се стави шлаг крем или слатка павлака.