Испечати

Едноставна брза печена пастрмка во Делимано фајвстар

Едноставна брза печена пастрмка во Делимано фајвстар

Состојки

  • 1 кг пастрмки
  • сол и масло по потреба
  • тава Делимано фајвстар 26 или 28

Подготовка

Ги припремив овие пастрмки пред некој ден после работа. Немав време за готвење, а имав 3 свежи риби. Ја вклучив рерната, ги посолив убаво рибите однадвор и одвнатре, додадов маслиново масло одозгора и ги ставив на печење. Користев Делимано фајвстар бр 26, а соодветна е 28ката, ама ја немам неа па и оваа ми заврши работа.

Во меѓувреме излупив компири, ги исечкав и ги ставив на варење. За 30 мин беа готови и од нив направив салата од варен компир со кромид.

Рибите ги печев на максимална температура околу 40 минути и во текот на печењето ги полевав 3 пати со течноста во која се печеа (испуштаат малку вода во печењето). Нема потреба од превртување на другата страна.

За 40 минути ќе имате готово јадење без да мириса домот на пржена риба. Рибата е таман печена, исто како пржена, само што е поздрава варијанта, нема потреба да висите над шпоретот и пак ќе кажам, домот нема да ви мириса на риба.

На здравје