Испечати

Смути за екстра енергија (Мултифреш вакум блендер и протектор)

Смути за екстра енергија (Мултифреш вакум блендер и протектор)

Состојки

  • 1 Цвекло
  • 1 Морков
  • 1 Јаболко
  • 1 Лимон (сокот)
  • 1г.л.(по вкус) Мед
  • по вкус Вода

Подготовка

Ова е мојата и на мојот сопруг омилена комбинација за смути. Пребогато со витамини и минерали, кои верувам дека ќе ви бидат добредојдени за празниците, а и секојдневно. Оваа волшебна напивка го снабдува организмот со енергија и спречува замор, го продолжува чувството на заситеност и обилува со хранливи состојки, кои имаат многу позитивни придобивки за вашиот организам.

Подготовката е брза и на следниот начин -
Сите наведени состојки ги лупиме и сецкаме на помали парчиња. Го додаваме и лимоновиот сок кој е богат со Ц витамин. На тој начин ќе ја спречите и оксидацијата на смутито. Додадете мед и вода по вкус, според тоа колку сакате да ви биде благо и густо. Сите состојки изблендирајте ги во блендер и за неколку секунди може да уживате во своето смути.

Забелешка -
Во мојот случај јас користам Мултифреш блендер и протектор на хранливи состојки, кој ви го препорачувам на сите кои го немате, а сте во можност да си го купите. Верувајте дека нема поубаво нешто во ова брзо секојдневие да си го спремате омиленото смути одвечер, и утрината да ви биде спремно за конзумирање, без притоа да изгуби од своите хранливи состојки.

На здравје!