Испечати

Чурос

Чурос

Состојки

  • 1 шолја вода
  • 1/4 путер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 шолја брашно
  • 2 јајца
  • околу 200 мл масло
  • малку шеќер и цимет
  • 100гр млечно чоколадо
  • 100мл слатка павлака

Подготовка

Најпрво во сад се загрева водата, путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако ќе зоврие, се трга од оган и се додаваат солта и брашното. Се промешува додека не се добие густа смеса. Се додаваат двете јајца и со миксер се промешува смесата. Се префрла во готварски шприц и се пржи во врело масло. Испржените чуроси, се брбелаат во шеќер и цимет.
За чоколадниот прелив најпрво се загрева слатката павлака и се растопува чоколадото во неа.
Бон апетит.