Испечати

Распукани мача колачи

Распукани мача колачи

Состојки

  • За бисквитно тесто
  • 350 гр брашно
  • 1/2 пециво
  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќери
  • 50 гр путер
  • 40 мл масло
  • 3 лажици сок од лимон
  • За вкус и боење
  • 1 лажичка мача во прав (рамна)
  • 1 лажичка ментол екстракт
  • 1 лажичка црвена прехрамбена боја
  • За валкање
  • 50 гр кристал шеќер
  • 50 гр шеќер во прав

Подготовка

Декоративни колачиња кои ги ги имаат боите на Нова Година и Божиќ.
Зелените колачиња се со мача во прав, а во црвените има само прехрамбена боја.

Подготовка
1. Во сад за матење ги матиме јајцата заедно со шеќерите.
2. Додаваме масло и омекнат путер и продолжуваме со матење.
3. Додаваме половина од брашното со пецивото, ставаме лимонов сок и соединуваме.
4. Го додаваме остатокот од брашното, соединуваме, па смесата ја делиме на половина.
5. На најлонска фолија го ставаме тестото и во едниот дел ставаме мача во прав со ментол екстракт, а во другиот црвена прехрамбена боја. Соединуваме со месење.
6. Ги одложуваме тестата завиткани во фолијата на еден час во фрижидер.
7. Во два мали сада распоредуваме шеќер и шеќер во прав и ги подготвуваме тавите. Ја вклучуваме рерната на 170 степени кога ќе почнеме да ги правиме топчињата.
8. Од секое тесто формираме мали топчиња и секое го валкаме во шеќер па во шеќер во прав. Ги ставаме во тавата во која ќе ги печеме.
9. Ги печеме 10 минути, ги вадиме од рерна и ги сервираме.

Забелешка
Во зелениот дел бидејќи ставаме екстракт од ментол, можеме да доставиме 1 лажичка брашно. Ако интензитетот на зелената боја не ни е посакуваниот, доставете зелена прехрамбена боја.