Слатко од рендани дуњи
Состојки
- 1 кг рендани дуњи
- 1 кг шеќер
- 1 лимон
- 200 мл вода
- лист слаткарче,бабароза,катрче...лист од цвеќе за мирис
- 1 лимонтуз
Подготовка
1. Во тенџере се става водата и шеќерот и се остава да врие 5мин.
2. На страна во тепсија се става вода и во неа се раствара лимонтузот. Додека врие шербетот се рендаат дуњните во водата се земаат со раце се цедат и директно се става во шербетот. Така наизменично се рендаат во водата со лимонтус се цедат и се ставаат во шербет. Потоа се остава да се вари 40мин.
3. Кога е готово слаткото се става од листот(катрче) во него и се покрива со платнена салвета и се остава да олади. Другиот ден се става во чисти и суви тегли.