Испечати

Тиквички - бомбици

Тиквички - бомбици

Состојки

  • 200гр Тиква (печена)
  • 100гр Ореви (мелени)
  • по потреба (оолу 200гр) Бисквити - мелени
  • 1 г.л. Путер (стопен)
  • 3 г.л. Мед
  • малку зелена прех.боја

Подготовка

Освен што се декоративни, истотака се и многу вкусни и здрави. Идејата за нив настана спонтано пред повеќе години, кога требаше да направиме нешто благо за потребите на еден училишен штанд.....и што е најважно, одтогаш моите деца кои не јадат класично припремена тиква (варена, печена) ги обожаваат овие Тиквички-бомбици. Ви ги препорачувам и на вас - пробајте ги.

Подготовка -
1. Најпрво ја печеме тиквата. Може и варена, ама во тој случај имајте во предвид дека тиквата е поводлеста, па ќе треба да додадете повеќе бисквити и ореви.
2. Потоа печената тиква ја гмечиме со вилушка или ја блендираме со стапчест блендер (за пофина структура-јас ја блендирам), тука го додаваме и растопениот путер. Додаваме и мед по вкус (според блажината на самата тиква)
3. Сега ги додаваме мелените ореви, а на крај постепено додаваме мелени бисквити, додадете дел од нив, не сите - смесата треба да биде како за формирање на класични бомбици (видете дополнителна слика). Мал дел (околу 2г.л.) тргаме настрана и додаваме зелена прехрамбена боја (за рачките)
4. Формираме бомбици, на кои со помош на чепкалка им правиме линии за да го доловиме изгледот на тиква....а на горната страна им ги ставаме рачките со благо притискање.

Забелешка - можете да направите и посна варијанта, со заменување на путерот со маргарин и да ставите посни бисквити. Јас ги правам и на тој начин, кога ги правам за нашата слава, која е посна. Ги правам предвреме и ги замрзнувам во кутија.

Уживајте во овие здрави, лични и превкусни бомбици, кои се надевам ќе се најдат на вашата празнична (или секојдневна) трпеза.