Чоколадни мафини со ганаж
Состојки
- 500 гр брашно
- 4 лажици чоколадо во прав
- 1 пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 350 гр шеќер
- 300 мл млеко
- 3 јајца
- 200 мл масло
- 100 гр кисела павлака
- 200 гр сечкана чоколада
- За ганаж
- 100 гр чоколадо со најмалку 40 % какао
- 100 гр млечно чоколадо
- 125 мл слатка павлака
- 75 мл слатка павлака (за матење)
Подготовка
Моиве деца многу сакаат чоколадо, затоа се трудам повеќето слатки што ги подготвувам да бидат чоколадни. Ова е рецепт за едни преубави, вкусни и ептен чоколадни мафини.
Подготовка
1. Ги соединуваме сувите состојки, брашно, чоколадо во прав, пециво, шеќер, сода бикарбона.
2. Во друг сад ги соединуваме со миксер јајцата, киселата павлака, масло, млеко.
3. Чоколадото го сечкаме на ситни парченца.
4. Кон влажните ги додаваме сувите состојки, соединуваме, за на крај да го додадеме сечканото чоколадо, промешуваме со лажица.
5. Во калап за мафини ги редиме корпите од хартија и во секоја ставаме од смесата до 2/3-тини да ни е полна.
6. Печеме на 200 степени во загреана рерна без вентилатор, ако ни е рерната со вентилатор тогаш на 180 степени.
7. За подготовка на ганажот ја загреваме павлаката (125 мл) до вриење, па во неа ги растопуваме коцките чоколадо. Ја оставаме да се излади.
10. Откако ќе се излади во неа доставаме слатка павлака и матиме со миксер за да се соединат, волуменизира ганажот и направи една мазна чоколадна структура.
11. Ја оставаме да се стегне малку, за да може со неа да ги филуваме мафините.
Забелешка
Декорација по желба, кај мене со бело рендано чоколадо.
Ако го сакате вкусот на портокал во чоколадо, можете да изрендате кора од портокал во смесата, пред печење.