Чоколадни мафини со фил од јапонски јаболки
Состојки
- 3 јајца
- 50 гр шеќер
- 150 гр чоколадо за готвење
- 100 гр путер
- 150 гр брашно
- 1/2 пециво
- За фил
- 2 јапонски јаболки
- 100 мл вода
- 2 лажици мед
- 1 ванилин шеќер
- 3 лажици густин
- 30 мл вода за густин
- 1 кафена лажица путер
- 1 кафена лажица рендана кора од портокал
- какао трошки по потреба
Подготовка
Подготовка
Во длабок сад изматете ги со миксер јајцата со шеќерот
Во сад на оган растопете го чоколадото со путерот. Кога ќе излади, додадете ги кај изматените јајца со шеќерот. Промешајте убаво со лажица
Додадете ги брашното и пецивото и изматете кратко да добиете еднолична смеса.
Смесата ставете ја во калап за мафини (претходно премачкан со малку путер) и печите во загреана рерна на 250 степени околу 8 минути.
Фил
Блендираните јапонски јаболки со водата, медот и ванилата ставете ги во сад на оган да зовријат.
Водата и густинот растворете ги и додадете ги во садот. Мешајте додека да згусти смесата. Овде додадете го и путерот и кората од портокал
Ставете од филот во шприц и декорирајте ги мафините одозгора
На здравје
Забелешка
Смесата е за 12 мафини