Авокадо штангли (сурово, посно)
Состојки
- основа
- 100 гр урми
- 50 гр ореви
- 120 гр овесни снегулки
- 40 гр кокос
- 1 лажица какао
- 2 лажици кокосово масло
- 1 лажица мед
- фил
- 1 зрело авокадо
- 1 банана
- 40 гр индиски ореви
- 4 лажици мед
- 4 лажици какао
Подготовка
Основа- Урмите ги ставаме во жешка вода да стојат 20тина минути. Оревите и овесните снегулки ги блендираме да се иситнат. Ги додаваме исцедените урми, кокосот, какаото, кокосовото масло и медот. Блендираме. Смесата ја ставаме во правоаголен долг калап обложен со хартија за печење, ја распределуваме подеднакво со лажица и притискаме за да се стегне. Садот го ставаме во замрзнувач.
Фил – Индиските ореви ги ставаме во вода да стојат 4-5 часа. После тоа ги цедиме и ги ставаме во блендер. Блендираме . Ги додаваме бананата и авокадото. Блендираме. Ги додаваме какаото и медот. Блендираме да се добие хомогена и кремаста смеса.
Филот го ставаме врз основата. Украсуваме со кокос. Тортата ја ставаме во замрзнувач да се стегне неколку часа.
* јас цело време ја чувам во замрзнувач, по потреба сечам парчиња и оставам 20тина минути на собна температура пред послужување