Испечати

Куглоф од бухтли со крем

Куглоф од бухтли со крем

Состојки

  • 580 гр брашно
  • 5 гр сув квасец
  • 10 гр ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • 250 мл млако млеко
  • 100 гр растопен путер
  • 1 јајце
  • кора од лимон или портокал(по вкус)
  • За полнење
  • 200 гр чоколаден крем
  • За декорација
  • шеќер во прав

Подготовка

Ова е одличен рецепт за вкусни бухтли полнети со чоколаден крем... За да бидат декоративни ги ставив во тава за куглоф...

Подготовка
1. Сите суви состојки ги соединуваме, додаваме рендана кора од портокал..
2. Ги додаваме јајцето, млакото млеко, растопениот и малку оладен путер.
3. Замесуваме тесто и го оставаме да стаса, да се дуплира.
4. Го размесуваме, го делиме на топки во сакана големина,
5. Секоја топка ја рассукуваме, ја полниме со голема лажица крем и ја затвораме од сите страни.
6. Топките ги редиме во намрсено и набрашнето тавче за куглоф, свртени со споената страна надолу.
7. Ги оставаме да стасаат.
8. Откако ќе стасаат ги премачкуваме со растопен путер и ги наросуваме со шеќер во прав.
9. Ги ставаме во ладна рерна на 170 степени, печеме до поцрвенување.

Забелешка
Заради декорација дел од нив повторно ги наросив со шеќер во прав.
Мене ми излегоа 9 топки, ама само 6 ставив во тавата за куглоф. Останатите 3 си ги печев посебно во мало тавче. Значи во зависност од големината на тавата за куглоф, ставате и топчиња тесто.