Испечати

Мини погачици со праз

Мини погачици со праз

Состојки

  • тесто
  • 200 гр ржано брашно
  • 200 гр интегрално брашно
  • 1 лажица мелени семки од тиква
  • 1 лажица мелени семки од сончоглед
  • 1 лажица мелено чиа семе
  • 1 лажиче сув квасец
  • 3 лажици масло
  • 100 мл топла вода
  • 250 мл јогурт
  • фил
  • 5 лажици пржен праз
  • 100 гр сирење
  • 1/2 лажиче црн бибер

Подготовка

Кога мајка ми ќе прати пржен праз другото е лесно, само треба идеја како да се искористи .

1. Интегралното и ржаното брашно ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме мелените семиња и сувиот квасец. Промешуваме. Го додаваме маслото и водата, замесуваме тесто. Го додаваме и јогуртот. Месиме. Смесата ја оставаме да одмори 1 час.
2. Сирењето го дробиме со виљушка, го мешаме заедно со празот и црниот бибер.
3. Од тестото земаме парчиња кои што ги расплескуваме колку дланката, ставаме од филот и со раце формираме погачици. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Јас направив 13 погачици. Печиме во загреана рерна на 180 степени 30 минути.

Забелешка – откако ја изедовме оваа тура, направив повторно. Вториот пат измешав ржано, интегрално и јачменово брашно во ист сооднос, а филот го направив со праз и павлака. И двете комбинации беа вкусни.