Брзи и едноставни рафаело бомбици со пудинг
Состојки
- 250мл Млеко
- 4г.л. Шеќер во прав
- 1 пудинг Ванила
- 100гр Путер (маргарин)
- 150гр Кокос
- по потреба Лешници
- За валкање
- по потреба кокос
Подготовка
Слатки, неодоливи и декоративни Рафаело бомбици...десерт кој за миг ќе го снема од вашата трпеза. Преубави снежни топчиња кои совршено ќе се вклопат како дел од вашето празнично мени.
Подготовката е брза и на следниот начин -
Најпрво го вариме пудингот, кој претходно го раствораме добро во дел од млекото заедно со шеќерот. Кога ќе се свари, тргаме на страна- ако ви се направат грутчиња-изблендирајте, па го додаваме путерот ( или маргаринот) мешаме да се стопи, на крај го додаваме и кокосот. Соединуваме убаво и формираме бомбици, на кои во средината им ставаме по еден лешник. Ги валкаме во кокос и уживаме во нивниот вкус.
На здравје!