Комисброд со лешници, суви смокви и кандирани вишни
Состојки
- 6 белки
- 130гр шеќер
- 130гр брашно
- 1лажиче пециво
- сок од еден портокал,
- 70гр кандирани вишни
- 70гр тостирани , крупни лешници
- 100гр суви, сецкани смокви
Подготовка
Кај мене неизбежен дел од празничната трпеза е и Комизброд..
Еве , повелете рецепт
Го подготвуваме калапот, долгнавест, за леб и го обложуваме со хартија за печење.
Во сад ставаме брашно и ги додаваме лешниците, сецканите суви смокви, сецканите вишни.
Промешуваме, за убаво да се облепи секое парченце со брашно, со цел при печењето да не паднат на дното на калапот.
Сега ги ставаме белките, на собна температура.
Матиме и постепено додаваме шеќер.
Кога шамот е сосема густ со исклучен миксер додаваме масло и сок од портокал.
Додаваме пециво и овошјата соединети со брашното.
Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса и ја истураме во долгнавестиот калап.
Израмнуваме и печиме на 170 с, околу 40 минути во загреана релна.
Сепак пробуваме со чепкалка, дали е готов.
Испечениот комисброд го оставаме на кујнска жица да се излади, па сечиме на парчиња, послужуваме и уживаме во празничниот вкус на овој десерт.