Испечати

Ѓевречиња со маџун (посно)

Ѓевречиња со маџун (посно)

Состојки

  • 650 гр брашно
  • 2 лажички шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 10 гр сув квасец
  • 100 мл масло
  • 400 мл млака вода
  • Дополнително
  • 3 лажици маџун
  • 80 мл вода
  • 200 гр сусам

Подготовка

Крцкави, меки сусам ѓевречиња подготвени за овие пости. Си добија заслужени комплименти....

Подготовка
1. Ги соединуваме сувите состојки, па кон нив ги додаваме влажните и замесуваме мазно, меко тесто. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Откако стасало го размесуваме, го расукуваме со дебелина од 2 см и вадиме кругови со модла, па во средината на кругот вадиме помало кругче од тестото.
3. Раствораме маџун во вода и ставаме сусам во посебна чинија.
4. Секое парче го ставаме во растворениот маџун, внимателно и кратко од двете страни и потоа го ставаме во сусам, повторно од двете страни. Значи целото ѓеврече треба да ни е налепено со сусам.
5. Ги редиме во тава и ја вклучуваме рерната на 200 степени. Треба да ни стасаат додека да ни се загрее рерната, а ги печеме додека да поцрвенат или да сменат боја.

Забелешка
Тестото кога ќе го замесите треба да биде на меко замесено, затоа калкулирајте со водата, затоа што зависи и какво брашно користите. Можеби ќе ви треба помалку вода од напишаното во состојки.