Чоколадна торта од просо (посно)
Состојки
- тесто
- 2 лажици мелено ленено семе
- 6 лажици топла вода
- 50 гр бадеми
- 2 лажици какао
- 2 лажици кокосово масло
- 100 гр урми + 100 мл вода
- 150 гр овесни снегулки
- чоколаден фил
- 200 гр просо
- 700 мл вода
- 120 гр посно црно чоколадо
- 2 лажици какао
- 150 мл маџун
- 50 гр мелени ореви
- фил од вишни
- 200 гр замрзнати вишни
- 3 лажици вода
- 5 лажици мед
Подготовка
Кога ја послужив тортава не кажав од што е направена, стручното жири не погоди од што е и рече
„Не знам од што е ама дај ми уште едно парче”
Превкусна торта со богат чоколадо- вишна фил, па уште и посна.
Тесто
1. Урмите ги ставаме во 100 мл жешка вода да стојат половина час.
2. Меленото ленено семе го мешаме заедно со водата во мал длабок сад да стои 10тина минути.
3. Во блендер ги ставаме бадемите, урмите со водата, меленото ленено семе, какаото, кокосовото масло и екстрактот од ванила. Блендираме. Смесата ја тураме во длабок сад ги додаавме овесните снегулки и промешуваме. Смесата ја ставаме во округли калап на кој му се вади страничниот дел претходно обложен со хартија за печење.
4. Печиме во загреана рерна на 170 степени 8 минути.
Чоколаден фил
1. Просото го миеме со ладна вода, го цедиме и го вариме во 700 мл вода, мешајќи да не загори додека не се свари и испари водата. Го тргаме од оган и додека е жешко го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи. Го додаваме какаото и маџунот. Со рачен блендер ја блендираме смесата. Ги додаваме мелените ореви. Промешуваме. Половина од смесата ја ставаме врз тестото.
Фил од вишни
1. Замрзнатите вишни ги ставаме во теџерче на оган со водата, вариме 20 тина минути со постојано мешање. Оставаме да се излади, кога ќе е млако го додаваме медот. Мешаме да се растопи.
Филот од вишни го ставаме врз чоколадниот фил. Па врз него преостанатиот чоколаден фил. Украсуваме со мелени ореви.