Испечати

Сусамови Балончиња

Сусамови Балончиња

Состојки

  • За тестото
  • 400мл Млеко (млако)
  • 1м.л. Шеќер
  • 2м.л. Сол
  • пола коцка Квасец
  • 650гр Брашно
  • Плус за увалување
  • околу 50мл Млеко
  • по потреба Сусам
  • За пржење - зејтин

Подготовка

Прекрасни и многу вкусни - сусамови балончиња (името им е од моите деца, кои ги потсетуваа по изгледот баш на сусамови балончиња) топло ви ги препорачувам за појадок. Брзо се подготвуваат, уште побрзо се јадат...превкусни се. Моите дома многу често ги бараат за појадок, пробајте ги и вие, ќе бидете презадоволни.

Подготовка 
Замесуваме мазно тесто од сите наведени состојки, го оставаме да стаса околу 30-45 минути. Потоа тестото го делиме на 6 исти топки. Го зимаме првото топче, со раката го расплескуваме (видете додатна слика) и го премачкуваме со помош на силиконска четка со млеко само од горната страна. Тој дел го ставаме во чиниче во кое сме ставиле сусам...притискаме нежно да се залепи убаво сусамот.
Врз набрашнета маса тој дел свртен со сусамот нагоре го рассукуваме (одприлика колку 1 педа) и сечеме на 4 парчиња. Постапката е иста со останатите 5 топчиња.
Сите добиени парчиња ги редиме во некој дискус...пржиме во загреан зејтин, почнувајки од првото парче. Ги ставаме да се пржат свртени со сусамот нагоре. Со помош на лажица прскаме од загреаниот зејтин врз нив, додека да се надујат убаво. Потоа, ги вртиме од другата страна да се допржат. Ги вадиме врз салфета.

Уживајте во нивниот вкус со чаша јогурт!