Испечати

Пилешки стек(мариниран и динстан во млеко)

Пилешки стек(мариниран и динстан во млеко)

Состојки

  • Состојки
  • 600 гр пилешки стек(4 тенки парчиња)
  • 400 гр млеко
  • 2 лажици маслинов зејтин
  • 1 лажица зачин од сушен зеленчук

Подготовка

Едноставен начин на подготовка на пилешкиот стек,а резултатот е сочен и вкусен оброк.
Парчињата стек се посолуваат со зачин од сушен зеленчук,се ставаат во сад,се полеваат со 2 лажици маслинов зејтин и 400 милилитри млеко.Се покрива садот со стреч фолија и се остава пилешкиот стек да одстои 3 часа.Потоа стекот заедно со маринадата се става во тава и се остава да динста на тивко додека не испари целата течност.При крај се додава уште малку зејтин.