Колачиња со жолчки и ореви
Состојки
- 4 жолчки
- 100 гр шеќер во прав
- 1 лажица нишесте
- 200 гр мелени ореви
Подготовка
Жолчките заедно со шеќерот убаво избијте ги, да побелат и да го зголемат волуменот.
Оревите измешајте ги со нишестето и постепено додајте ги во жолчките.
На плех прекриен со хартија со лажиче ставајте купчиња од смесата.
Печете во загреана рерна на 160 степени, околу петнаесетина минути.