Испечати

Кекс со тиква и портокал

Кекс со тиква и портокал

Состојки

  • 4 јајца
  • 120гр тостирани ореви
  • 6лажици брашно
  • 1 пециво
  • 1 ред чоколадо
  • 1 ванила
  • 100мл јогурт
  • 100мл масло
  • кора од портокал
  • 8лажици шеќер
  • 150гр печена тиква
  • морско оревче, малку црн бибер, цимет, мелено каранфилче, мелен ѓумбир
  • Сок од 2 портокали, 1 л шеќер во прав
  • 100 мл слатка павлака, 100 гр црно чоколадо, шарени трошки

Подготовка

Колачов е прекрасен, соодветен да се подготви за претстојните Новогодишни и Божиќни празници.
Пробајте го.

Во вангличка ги соединуваме мелените ореви, ренданото чоколадо, брашното, ванилин шеќер, половина количина на шеќер, рендана кора од портокал, прашок за пециво, млеко, масло, пасираната тиква и 4 жолчки
Убаво ја изедначуваме смесата со жица за матење.
Сега во вангличка ги матиме во снег белките со станатата количина на шеќер.
Додаваме мелен ѓумбир, цимет и мелени каранфилчиња по вкус и бибер.
Убаво ги соединуваме сега сите состојки во една вангличка.
Смесата ја истураме во долгнавест калап за леб или во округла тава бр 24.
Израмнуваме и печиме на 180 с околу 30 минути.
Сепак проверуваме со чепкалка.
Сега го цедиме сокот од портокали и му додаваме шеќер во прав.
Со овој сок го накупуваме рамномерно колачот на секаде.
Го враќааме во рерна уште 2 минути.
Го вадиме од рерната, оставаме малку да се излади, па го пренесуваме на жица.
Во касерола ја загреваме слатката павлака и го додаваме искршеното чоколадо.
Промешуваме за смесата да се изедначи.
Со подизладениот ганаш го прекриваме колачот и нанесуваме малку шарени трошки.
Сечеме на парчиња и уживаме во богатиот вкус на овој кревок колач.