Празнични бисквити
Состојки
- За тестото
- 300 гр. брашно
- 100 гр. скроб од компир или нишесте
- 120 гр. шеќер во прав
- 4 тврдо варени жолчки од јајца
- 250 гр. омекнат путер
- 1 кора од портокал или лимон
- За глазурата
- попотреба прехрамбена боја
- попотреба шеќерни топчиња
- неколку лажици ладна вода
- 2 белки од јајца
- 300 гр. шеќер во прав
Подготовка
Подготовка на бисквитите
Сварете ги јајцата, треба да бидат тврдо варени. Оставете ги да изладат, ќе ви требат само жолчите. Поминете ги тврдо варените жолчки преку сито да добијат ситно мелена текстура.
Во садот кај жолчките додајте ги останатите состојки и замесете мазно тесто. Оставете го тестото да се лади во фрижидер пола саат.
На работната површина со помош на сукалка од тестото расукајте кора во дебелина од 5-7мм и со помош на калпи извадете форми по желба.
Се печат во загреана рерна на 170° додека не заруменат. Оставете ги да се оладат.
Подготовка на кралската глазура
Во сад за матење со миксер матете ги белките додека не добиете цврст снег.
Потоа во садот полека додавајте го шеќерот во прав и наизменично мешајте со миксерот додека глазурата не стане мазна и светкава. Глазурата разделете ја во длабоки чинии и во нив додајте ги прехранбените бои кои претходно сте ги разредиле со неколку капки вода. Мешајте ја глазурата со лажица додека смесата не стане хомогена.
Декорација
Глазурата префрлете ја во готварски шприц и декорирајте ги бисквитите. Ако сакате да ги декорирате како моите елки, најпрво обојте ги со виолетова боја, а откако ќе се исуши виолетовата нанесете ја белата боја како на сликата. Исто ако сакате да нанестете шеќерни топчиња направете го тоа додека бојата се нема исушено.