Кафе куглоф
Состојки
- 5 јајца
- 25о гр шеќер
- 250 гр путер
- 1 кесичка прашок за печиво
- 2 лажици какао
- 80 гр темно чоколадо
- 50 мл млеко
- 50 мл јако црно турско кафе(и уште 50 мл со малку млеко за полевање на куглофот)
- 350 гр брашно
Подготовка
Уживајте во превкусниов куглоф,ние дома уживавме!
Белките се двојат од жолчките и се матат во цврст снег.
Во друг сад ги матиме жолчките и шеќерот додека побелат станат пенасти.Го додаваме омекнатиот путер,млекото,кафето и чоколадото(претходно стопено на пареа).Миксајте додека се убаво не се соедини и потоа постепено додавајте го брашното,печивото и какаото.Кога убаво е измешана смесата постепено го додаваме снегот од белки.
Калапот за куглоф убаво намастете го и побрашнете и турете ја смесата во калапот.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 мин(проверете со чечкалица)
Печениот куглоф оставете го да се олади па превртете го и полијте со кафе со малку млеко.
Јас наросив и шеќер во прав.
На здравје!