Испечати

Солена торта со макарони, црно вино и модар патлиџан

Солена торта со макарони, црно вино и модар патлиџан

Состојки

  • 400 гр ситни макарони
  • 500 гр мелено месо
  • 500 мл доматен сос
  • 1 главичка кромид
  • 200 мл црно вино
  • 250 гр кашкавал
  • 1 црн патлиџан
  • зачини сув зачин, бибер, лук во прав
  • 200 гр грашак
  • презла по потреба

Подготовка

Солена торта, видена на телевизија, а кога ја направивме бевме воодушевени. Потеклото италијанско!
Потребни беа макарони како прстенчиња, јас во моментот не најдов такви, па ставив како цевчиња. Ги сварив неколку минути во солена вода.
Црниот патлиџан измијте го и исечете го на неколку парчиња по должина. Испржете го на малку масло.
За сосот, потпржете го исечканиот кромид, додајте го месото, запржете го додека не ја смени бојата па додајте го доматниот сос, виното, зачинете по вкус и оставете го да вари десетина минути. Потоа зачинете, додајте го грашакот и нека повари уште минута-две.
Измешајте го сосот со макароните.
Тавата во која ќе печете премачкајте ја прво со путер и наросете ја од сите страни со презла. Долу поставете ги пржените патлиџани.
Турете половина од смесата, попреку поставете парчиња од кашкавал, па другата половина од смесата. Одозгора пак наросете презла.
Печете во загреана рерна на 200 степени, отприлика половина час.
Пред да ја извадите тортата од тавата оставете ја петнаесетина минути да се подизлади и да се стегне.