Палачинки со круша и овес
Состојки
- 200 гр исчистени и излупени круши
- 100 гр овесни снегулки
- 60 мл млеко
- 2 лажици мед
- 1 лажиче пециво
- 1/2 лажиче цимет
- 1 лажиче јаболков оцет
Подготовка
1. Крушите ги ставаме во блендер и ги ситниме. Ги додаваме овесните снегулки, медот, млекото, циметот, јаболковиот оцет и пецивото, блендираме додека да се добие хомогена смеса. Смесата ја оставаме на собна температура 5 минути.
2. Се става на оган тавче за палачинки со нелепливо дно, додаваме една лажица кокосово масло. Кога ќе се загрее маслото, во тавчето ставаме по 2 лажици од смесата и формираме мали палачинки. Печиме по 3-4 минути од секоја страна.
Ние ги јадиме со домашен мешан мармалад без додаден шеќер.