Ролат со пире од тиква и кисела павлака
Состојки
- 250гр танки кори- кај мене беа 10
- 600-700гр сварена и доообро исцедена тиква
- 1 ванила
- 1-2лажица шеќер
- 1лажиче цимет
- 1/2лажиче морско оревче
- 2 јајца
- 50мл масло
- 90гр кисела павлака
- 1лажиче пециво
- За премачкување- 1 мало јајце + 1 лажица кисела павлака.
- Кафен шеќер по потреба
Подготовка
Есенски деликатес е мојот денешен предлог.
Јас најчесто навечер ја варам тиквата, ја процедувам и ја оставам во цедалка, да се исцеди преку ноќта.
Во еден сад ги соединуваме јајцата, кои се изматени лесно со вилушка, ванилата, циметот, морското оревче, киселата павлака, маслото и пецивото.
Лесно со вилушка ја промешуваме цела смеса и ја додаваме исцедената тиква.
Убаво соединуваме.
Сега ја земаме првата кора расфрламе со лажица од тиквениот фил,
Втора кора, фил, трета кора, фил...и така се додека не ги истрошиме сите состојки.
Набрзина завиткуваме ролат кој го поставуваме на тесен послужавник.
Вака подготвен ролатот оди во замрзнувач на 2 часа.
Потоа со остар нож го сечиме на парчиња од 12-14, одприлика.
Ги редиме легнати на плехот,
Во чашка го соединуваме јајцето со киселата павлака.
Секое парченце го премачкуваме со смесата .
Наросуваме кафен шеќер и печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Сервираме и уживаме во преееекрасниот вкус,