Сирењаци (крекери, грицки)
Состојки
- 500 гр сирење
- 500 гр брашно
- 150 гр Сало
- 1 лажиче Пециво
- 1 Јајце
Подготовка
Многу убави и вкусни грицки.
Во брашното додајте сирење, јајце, сало, пециво. Се убаво промешајте и замесете тесто. Оставете го тестото 15 минути во фриждер.
Рассукајте тесто, сечете со калапи фигури.
Наредете ги во тепсија, премачкајте со јајце и наросете со сусам.
Печете во загреана рерна на 250 степени околу 20 минути.